Рибарски мрежи и друг риболовен прибор запленети од страна на Езерската полиција во Охрид, денеска ќе бидат јавно уништени.

Според информациите на полицијата се работи за околу 1440 мрежи, огромен број блинкери и јадици и една става за ловење јагули.

На уништувањето на запленетиот риболовен алат во кругот на Езерската полиција, ќе присуствува министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, која денеска ќе престојува во работна посета на Охрид.      

OhridNews