Екипите на „Паркови и зеленило“ при Ј.П. „Охридски Комуналец“ во согласност со Програмата за јавно зеленило за 2016 во текот на наредната седмица ќе го уредуваат дрворедот по улицата „Македонски Просветители“.

-Планирано е да се уреди дрворедот на потегот од Т.Ц. „Амам“ до Градскиот плоштад, каде ќе бидат поставени украсни штитници околу секое стебло од дрворедот, информираат од претпријатието.

Инаку екипите на „Паркови и зеленило“ деновиве ја реализираат последната фаза од хортикултурното уредување на улицата „Димитар Влахов“ со која се поставуваат украсни штитници околу секое стебло од дрворедот од лигуструми. Во последната фаза ќе се уреди дрворедот на потегот од централната градинка „Јасна Ристеска“ до пресекот со улица „Јане Сандански“.

Со уредувањето, покрај поставувањето на украсни штитници е опфатено и поставување на систем за наводнување и засадување на украсни нискостеблести земзелени грмушки и сезонско цвеќе.

OhridNews