Делот од каналот Студенчишта кадешто се паркираат пловните објекти ќе прерасне во модерна марина, најави градоначалникот Бакрачески, при тоа напоменувајќи дека за изградбата ќе се користи дрво со што се запазува еколошкиот аспект.
Исто така, ќе се отпочне со рачистување на сметот од пешачкиот дел на каналот, ќе се постават дополнителни нови клупи за одмор, а старите ќе се поправат.
Како што потенцираат од локалната самоуправа, локацијата ќе добие дополнително осветлување со што каналот Студенчишта ќе прерасне во ново, модерно место каде што охриѓани ќе можат да го поминуваат слободното време во пријатна атмосфера.
OhridNews