Ќе се уредува каналот Студенчишта и околните патеки
08.04.11 08:01
Сопствениците на пловни објекти оставени на потегот од Хидробиолошкиот институт до поранешниот риболовен пункт на јужната страна на каналот Студенчишта имаат рок до утре да ги отстранат, без оглед дали тие се на копно или во вода. Од локалната самоуправа информираат дека дислокацијата на пловните објекти се прави со цел да се уреди овој простор.
– Предвидено е комплетна дислокација на сите пловни објекти, затоа што голем дел има и руинирани и уредување на каналот Студенчишта и околните патеки од Билјанини извори, па се до ресторанот „Парк“, изјави Бранко Арнаудоски, началник на Секторот за урбанизам и заштита на животната средина.
Доколку сопствениците сами не ги отстранат пловните објекти, тоа на нивни трошок ќе го направи Општинскиот инспекторат, предупредуваат од локалната самоуправа.
Богато војничко погребување со комплетна воена опрема меѓу која штит, шлем, копја, меч и предмети од злато, бронза и килибар е најновото исклучително откритие на археолозите на архајската некропола...
Поради настанат дефект на главниот цевковод од среднопотисната зона со профил од 450 мм денес од 09:00 часот без вода ќе бидат корисниците на улицата: „Јордан Мијалков“, додека со намален притисок ...
Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево и релативно топло Ќе дува слаб ветер од променлив правец Во Охрид времето денес сончево Максималната температура ќе достигне до 22 степен...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.