Во текот на наредните неколку дена се очекува да започне реализација на Проектот за партерно уредување на плоштадот кај Споменикот на револуцијата во Струга, најавуваат од Струшката локална самоуправа.

Според планираното, за уредување на овој централен дел од градот, од буџетот на општина Струга ќе бидат издвоени околу 32.000 евра или точно 2 милиони денари.

Со Проектот за реконструкција на плоштадот ќе се намали висината на бетонската платформа, ќе се формираат нови пешачки патеки и скали, а откако ќе заврши партерното уредување, просторот ќе биде соодветно хортикултурно уреден.

Инаку во текот на минатата година општина Струга изврши реконструкција на кејот од источната страна на реката Црн Дрим. Кејот беше поплочен со нови плочки и на него беше поставена соодветна урбана опрема.

OhridNews