Наскоро ќе отпочне со уредување на пешачките патеки на потегот од хотел „Палас” до хотел „Гарден”, најави локалната самоуправа.
-За таа цел задолжени се инспекциските служби да ги отстранат диво поставените објекти и предмети кои го попречуваат слободното движење на пешаците, а јавното претпријатие Охридски Комуналец ќе го изврши хортикултурно уредување-изнформираат од локалната самоуправа.
Исто така, општината најави дека детското игралиште кое се наоѓа пред мостот на каналот Студенчишта ќе биде дислоцирано. Новото детско катче ќе се протега на поголема површина и ќе брои повеќе играчки за децата од кои поголем дел ќе бидат нови, а старите ќе бидат поправени. На местото кадешто моментално се наоѓа детското игралиште ќе никне нов, модерен парк.
OhridNews