Откако безбол играчот Алекс Родригез бил виден во Њујорк како купува прстени, започнале да кружат гласините за неговата венчавка со актерката Камерон Диаз. Познатата актерка и безбол звездата се во врска околу една година, а откако ја запознал мајката на својата девојка, Алекс одлучил да ја официјализира врската.


Тој има две деца од претходниот брак со Синтија Скуртис, ќерките Наташа и Ела, кои веќе ги запознал со Камерон. Камерон, пак, претходно била во врска со многу познати личности, како што се Џастин Тимберлејк, Џаред Лето и Мет Дилан, а пред почетокот на романсата со Алекс изјавила дека не брза да се скраси, но и дека и понатаму е отворена за брак.