Се шушка дека Кели Брук и Дејвид Мекинтош се смириле и одлучиле да го минат животот заедно. Наводно Дејвид ја запросил популарната британска манекенка, иако неодамна раскинале.

Убавицата наводно била шокирана со запросувањето, но после само три минути размислување одговорила потврдно. Пријателка на Кели рекла дека тоа требало да остане тајна. Сеуште била во шок. Моментално била во период во кој сака да се врзе, а во Дејвид била вљубена до уши.