Претставниците на министерствата за внатрешни работи од земјите во регионов, денеска во Тирана, ќе разговараат за мерките кои треба да се преземат, за да се спречи азилантскиот бран кон Европската Унија. Балканските земји, меѓу кои и Македонија, ќе треба да поработат на спречување на лажните азиланти, кои во изминатиов период ја преплавија унијата. Дел од европските земји, бараат активирање на заштитни механизми од ваквата појава, а се погласни се поборниците за враќање на визите.
Една од мерките, која ја посакуваат неколку земји членки на унијата, е усвојувањето на „заштитна клаузула“. Со неа, на членките на ЕУ ќе им се овозможи правна основа, за привремено укинување на безвизниот режим. Меѓу другото, ЕУ сака Македонија и Србија да ги зајакнат контролите на границите. Во тие контроли, спаѓаат проверката на повратните билети, здравственото осигурување, како и сумите пари што се носат за време на патувањата во Шенген зоната.
И додека притисикот во европскиот парламент се повеќе расте, Македонија ќе мора да поработи на овој комплексен проблем. Санкциите, односно, укинувањето на визната либерализација, ќе претставува чекор назад во реформите, кои се спроведуваат согласно законските прописи и одредби на ЕУ. Последнит збор, во секој случај ќе го има Европската Унија, која на почетокот на февруари, ќе одлучи дали визите ќе бидат вратени во употреба. За оваа одлука потребно е дво-третинско мнозинство на европските парламентарци.
На неформалниот состанок, кој е инициран од Брисел, покрај Министерот за правда на Македонија, Блерим Беџети, ќе присуствува и висока делегација од унијата, меѓу кои и Еврокомесарката за внатрешни работи, Сесилија Малстром.
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com