Од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ информираат дека во понеделник, во Централната градинка од 9.00 часот ќе се врши преглед на очите на децата кои се на возраст од 3 – 6 години.
Проектот го реализира Дистрикт на Лајонс клубовите на Р. Македонија, ЛЦИФ, со подршка на УСАИД, а со одобрение од МТСП и локалната самоуправа на општина Охрид.
Во овој проект опфатени се осум градинки од Македонија чија цел е превенција и рано откривање на оштетувањата на видот кај децата од преучилишна возраст.
– Во нашата установа ова е втора фаза од реализирањето на проектот „За децата појасно да го гледаат светот“.Во првата фаза на 19- ти мај минатата година, беше реализирано предавање за родителите, децата и вработените од страна на офталмолози со истата цел, да се обрати внимание кон рано откривање и превенција на оштетувањето на видот кај малите деца, потенцираат од градинката.
Прегледите ќе се реализираат со соодветен план и распоред.
OhridNews