Министерството за труд и социјална политика распиша оглас за јавна набавка, наменета за реконструкција на детската градинка во Вевчани. Со реконструкцијата предвидено е да се изврши замена на старите врати и прозори во ЈОУДДГ „Планински цвет“.
Како што потенцираат од локалната самоуправа во Вевчани, целта на проектот е да се постигне енергетска ефикасност на објектот и да се обезбедат подобри услови за најмладите жители во општината згрижени во оваа установа.
OhridNews