Санација и промена на досегашната локација на успорувачите на брзина ќе се изврши во идниот период, соопштуваат од локалната самоуправа.

Оттаму велат дека  веќе евидентирани се оштетувањата на „лежечките полицајци“, а зависно од потребите на граѓаните кои живеат на фрекфентните улици ќе се постават нови.

Заедно со сообраќајната полиција во подготовка е нов план за т.н. „лежечки полицајци“, односно промена на досегашната локација. До почетокот на туристичката сезона сите успорувачи на брзината ќе бидат санирани, односно заменети со нови.“ – велат од локалната самоуправа.

Инаку, граѓаните на неколку наврати реагираа дека успорувачите на брзина се делумно оштетени, а ОхридНењс пред повеќе од неколку месеци извести за ваквата ситуација.

О.Т.