Општина Дебарца во текот на наредниот период планира да изврши тампонирање на локален пат во селото Мешеишта. За таа цел во текот на вчерашниот ден беше објавен Јавен оглас преку кој се бара изведувач на работните активности.

Според огласот кој е објавен преку Електронскиот систем за јавни набавки, тампонирањето на патот ќе чини околу 4.000 евра или точно 250.000 денари. Крајниот рок за доставување на понудите е понеделник 17-ти февруари 2015 година, а период за важност на истите е 60 дена.

OhridNews