Третатa „ Ѓомлезијада“ ќе се одржи денеска во дворот на црквата  „ Св. Спас“ во Горно Лакочереј, охридско.

Манифестацијата која има натпреварувачки карактер, ќе биде збогатена   со културно-уметничка програма. Квалитетот на овој надалеку познат охридски специјалитет ќе го оценува жири комисија која ќе ги прогласи победниците во натпреварот за највкусно ѓомлезе.

Организатор на манифестацијата која има за цел да ги афирмира туристичките потенцијали на руралните средини, е  Секторот за туризам и локален економски развој при општина Охрид.

OhridNews