Следната година Владата се очекува да ја реализира најавата за зголемување на износот на социјалната парична помош.
– Како Влада во рамки на нашата Програма за работа имаме утврдено дека во текот на наредната година ќе се реализира покачувањето на социјалната парична помош и како еден вид дополнителна поддршка до граѓаните во услови на глобална криза којашто има влијание и во Македонија, изјави денес министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.












