Министерството за економија на Република Македонија и Министерството за национална економија на Унгарија, во Будимпешта ќе потпишат договор за соработка во областа на туризмот. Со договорот унгарските туроператори се обврзуваат да донесат туристи во Македонија во летниот и во зимскиот период.
 
Во рамки на посетата на македонската економска делегација на Унгарија вчера стана збор и за отворање директна чартер линија меѓу Будимпешта и Скопје.
 
– На разговорите на првата седница на Мешовитиот комитет за економска соработка меѓу Македонија и Унгарија беше присутен и главниот извршен директор на „Визер“ кој потврди дека веќе има иницијатива за отворање на ваква чартер линија, изјави министерот за економија Ваљон Сарачини, кој ја предводи македонската делегација во Унгарија.
 
Со потпишувањето на договорот делегацијата ја завршува дводневната посета на Унгарија која произлезе од обврската од Договорот за слободна трговија меѓу Македонија и Унгарија што беше поптишан во 2011 година во Скопје.

OhridNews
извор: МИА