Оттаму велат дека уличното осветлување функционира без проблеми и дека тоа редовно се оддржува и сервисира.
Тоа што повремено може да се забележи дека уличните светилки се вклучени и во текот на денот, е поради нивното сервисирање и затоа што тие мора да бидат уклучени со цел да се открие дефектот, велат од одделението за јавно осветлување при локалната самоуправа.
Тајмингот на осветлувањето е автоматски регулиран. Во летниот период светлата се палат во 20 часот и 30 мин, а се исклучуваат во 4 часот и 45 мин. Со намалување на денот ќе се зголемува времетраењето на осветлувањето.