Јапонскиот лизгач Кеи Саито е првиот учесник на ЗОИ во Јужна Кореја кај кого е откриено користење недозволени супстанци. Саито кој се натпреварува во брзо лизгање падна на допинг тестот спроведен ден по неговото пристигнувањето во Пјонгчанг.

Јапонецот користел ацетазоламид, супстанца која се користи за прикривање на трагите на други забранети супстанции кои придонесуваат за подобрување на спортски перформанси. Тој е суспендиран од неговата репрезентација и вратен дома, а допрва го очекува санкција од МОК.

Спортистот негира користење на недозволени средства. – Никогаш не сум се обидел такво нешто. Поминав и анти-допинг обука и никогаш не би користел стероиди. Сакам да ја докажам мојата невиност. Ја прифаќам одлуката на репрезентацијата со цел да не бидам товар за тимот. – рече Саито.

Поради систематски допинг дисквалификација од ЗОИ доби Русија како земја и дел од спортистите, а дел настапуваат под знамето на Олимписките игри.

OhridNews