Септември ракометарите на Охрид го започнуваат со два натпревари од големо значење – Супер Купот против Вардар 1961 на 2ри септември во Гевгелија и почетокот на сезоната во Супер лигата – натпревар против екипата на Еурофарм Пелистер на 6ти септември во „Билјанини извори“.

Во среда не очекува интензивен и тежок натпревар. Ќе мора да внимаваме да имаме што помалку грешки во 60 минути ако сакаме резултат во наша корист, изјави ракометарот на ГРК Охрид, Адама Кеита.

Натпреварот се игра со почеток во 19:00 часот во салата „26ти Април“ во Гевгелија.

OhridNews