Кошаркарот на Голден Стејт Вориорс, Кевин Дурант ја мина маѓичната бројка од 20 000 поени во НБА лигата. Тој на синоќешниот меч со Лос Анџелес Клиперс постигна 40 поени и стана еден од ретките активни играчи кои можат да се пофалат со ваков учинок.

Моментално водечките стрелец е Леброн Џејмс со 29 874 поени, а бројката од 30 000 поени ја имаат поминато Карим Абдул Џабар (38 387), Карл Мелоун (36 928) Коби Брајант (33 643), Мајкл Џордан (32 292), Вилт Чемберлејн (31 419) и Дирк Новицки (30 796).

– Не знам и никогаш не се знае дали ќе ја поминам бројката од 30 000 поени во НБА лигата. Имав сезона и пол за заборав каде повеќе паузирав, отколку што играв и година дена поминав во колеџ. Јас повеќе сакам да бидам константен и да победуваме, а не давам 60 поени и да ги губиме натпреварите. – рече популарниот „Кеј Ди“ кој е 44-ти играч со 20 000 поени во НБА лигата.

Минатата сезона „Кеј Ди“ го исполни сонот со „воините“ освојувајќи ја титулата во НБА лигата. Тој замина од Оклахома и го навлече гневот на навивачите.

– Нема за што да жалам, бидејќи со Голден Стејт ја освоив титулата и ги остварив моите соништа. Се одреков од многу поени, но постигна уште поголема цел освојувајќи ја титулата. – додаде Дурент кој има добри спомени од Оклахома.

Во текот на кариерата Дурант има просек од 27,2 поени со ефектен шут од 48,8%, 5,6 скокови и речиси 3 асистенции.

OhridNews