Дефанзивците во екипата на Челси, Гери Кејхил и Бранислав Ивановиќ немаат светла иднина во клубот, откако менаџерот Антонио Конте ги прогласи за виновни за поразот од Арсенал (3-0) во градското дерби.
Италијанскиот стручњак од двоецот планира да се ослободи уште во зимскиот преоден рок и на нивното место да доведе двајца нови одбранбени фудбалери.
Англиските медиуми со клубот од Стемфорд Бриџ ги поврзуваат Мајкл Кин од Барнли и Бен Гибсон од Мидлсброу, кои би биле долгорочно решение за одбраната.
„Сините“ со три победи ја започнаа сезоната, но потоа еднаш ремизираа и два пати претрпеа порази што значеше палење на црвеното светло во екипата.
Пред почетокот на сезоната, Челси во своите редови го врати Давид Луиз и му го продолжи договорот на Џон Тери, но очигледно никој не ги задоволува критериумите на Италијанецот.
OhridNews