Тотенхем ја намали предноста на Лестер на врвот од табелата победувајќи го Стоук (4-0) во последниот меч од 34-та рунда од Премиер лигата.
На „петлите“ им беше неопходна победа за враќање во игра по ремито на домашен терен на Лестер против Вест Хем.
До значајниот триумф Тотенхем го предводеше двоецот Хари Кејн и Деле Али кои ги постигнаа четирите погодоци.
Гол серијата ја отвори Кејн во 9-та минута, а Деле Али го дуплираше водството во 67-та минута.
Кејн со вториот погодок донесе голема предност за гостите од Лондон, а Деле Али стави точка во 82-та минута.
Во следните четири меча од Премиер лигата Лестер влегува со пет бодови предност, но со далеку потежок распоред од единствениот ривал Тотенхем.
OhridNews