Селекциите на Англија и Турција со меѓусебниот дуел на Етихад стадионот означија почеток на финалните подготовки за Европското првенство кое ќе се одржи летово во Франција.


Победата им припадна на домаќините кои со 2-1 славеа над репрезентативците на Турција пред своите гледачи.

Творци на победата за „гордиот албион“ беа новите ѕвезди на англискиот фудбал Хари Кејн и Џејмс Варди. Почесниот погодокот за турците беше дело на Хакан Чаканалоглу.


Англија на контролниот меч со Турција настапи без фудбалерите од Манчестер Јунајтед кои не се дел од селекцијата поради настапот во финалето од ФА Купот.

OhridNews