Екипата на Тотенхем го совлада Арсенал со 2-1 во лондската пресметка во 24-та рунда од Премиер лигата.


Херој на „петлите“ е новопечениот англиски репрезентативец Хари Кејн, кој ги постигна двата погодоци.


„Топчиите“ одлично отворија поведувајќи 1-0 со голот на Месут Озил, но во продолжение од мечот немаа одговор за Кејн, кој им пресуди со двата голови во второ полувреме.


Со оваа победа „белите“ се искачија на четвртата додека Арсенал падна на шестата позиција на табелата во најсилната англиска лига.

Мх.П.