На точно три месеци од почетокот на Светското првенство во Англија завладеа голема паника и страв, откако Хари Кејн со помош на штаки го напушти стадионот „“ после мечот помеѓу Бурнмаут и Тотенхем.

Зглобот од десната нога на напаѓачот на „гордиот албион“ настрада во дуелот со голманот Асмир Беговиќ. Кејн после судирот со голманот со тажен израз на лицето веднаш ја напушти играта.

– Деталните прегледи ќе покажат за што точно станува збор. Сите се надевам дека ќе биде се во ред и ќе може Кејн да ни помогне нам и на англиската репрезентација на престојниот Мундијал во Русија. – изјави Маурицио Почетино.

Кејн сигурно ќе ги пропушти контролните мечеви со Холандија и Италија овој месец, а колку дополнително ќе паузира ќе покажат рентген снимките. 

Англија во Г групата на Мундијалот се наоѓа со Белгија, Тунис и Панама.

OhridNews