Советот на општина Охрид на денешната петта седница ја донесе одлуката за организирање на режимот на сообраќај на дел од територијата на општина Охрид.
Ккао што беше истакнато од страна на предлагачот, режимот утврден со предлог одлуката треба да придонесе за растоварување на сообраќајот во централното градско подрачје во туристичката сезона.
Со предлог одлуката се предвидува затворање за моторен сообраќај на кеј „Маршал Тито“ од пресекот со кружниот тек до пресекот со кракoт на кејот до ресторанот „Лас Америкас“, на улицата „Ванчо Николески“ од пресекот со илицата „Партизанска“ до кејот, пешачката патека од центарот за обука на вода до Горица. Покрај пешачката патека од левата страна ќе се врши дотур на роба, а патеките меѓу себе ќе се физички одвоени.
Исто така со предлог одлуката се предвидува еднонасочен сообраќај на поголем број улици, а една од поголемите измени е пренасочувањето на правецот на движење на возилата на „Новопроектираната“ улица кај старата автобуска станица, која сега ќе биде еднонасочна во правец од ул. „Партизанска“ кон „Димитар Влахов“.
Предлог одлуката едногласно беше узвоена со забелешка дека е потребно да се изготви соодветна сообраќајна студија, која како што најави локалната самоуправа, ќе биде донесена следната година.