Веќе извесен период дел од кејот, поточно паркиралиштето покрај градското шеталиште на пресекот со ул. „Јане Сандански“ се дави во прашина. Просторот е раскопан поради изведба на инфраструктурни зафати, но санацијата трае предолго се жалат локалните жители и минувачите.
Согласно законот просторот каде се изведувале градежни зафати треба да се врати во првобитна состојба, а охриѓани очекуваат дека тоа ќе биде направено пред почетокот на главната туристичка сезона и дека паркинг просторот ќе биде асфалтиран и уреден.
OhridNews