Седумте канделабри кои беа украдени пред околу три години, од паркот на охридскиот кеј, сеуште не се заменети со нови.
Приклучните жици и кабли, на местата каде што стоеле канделабрите, во моментов се прекриени со најлонски кеси и претставуваат грда слика и за туристите и за граѓаните кои се рекреираат покрај Охридското Езеро. Исто така минувачите рагираат дека, во текот на ноќните часови, овој дел од кејот не е доволно осветлен.
Од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид, велат дека новите канделабри ќе бидат поставени пред почетокот на годинешната туристичка сезона.
-Треба да водиме сметка околу набавката, бидејќи мора да набавиме слични модели на канделабри, кои веќе ги имаме на кејот. Доколку не постои можност да се набават слични модели, ќе мора да извршиме некaков прераспоред.-информираа надлежните за комунални дејности при локалната самоуправа.
Е.М