Често фалената поради својата беспрекорна појава и елеганција, сопругата на британскиот принц Вилијам, Кејт Мидлтон, е прогласена за најубава жена во 2012 во изборот на британското списание “Beauty magazine”. Војвотката од Кембриџ, која оваа ласкава титула ја освојува втора година по ред, добила далеку најголем број гласови од читателите, оставајќи зад себе многу личности од шоу бизнисот.
На второто место се нашла Никол Шерцингер, а на третото „златната“ атлетичарка од Олимписките игри во Лондон, Џесика Енис. На листата се нашла и сестрата на идната британска кралица, Пипа Мидлтон, која го зазела петтото место, пред поп пејачките Шерил Кол и Џеси Џеј.