Во рамките на официјалната посета на Сингапур, Кејт Мидлтон и принцот Вилијам присуствувале на свечена вечера. За разлика од својот сопруг кој пиел вино, принцезата барала исклучиво вода, што дополнително ги подгреало гласините дека е во блажена состојба. Извор близок на парот потврдил дека принцезата пиела само вода.

Британските медиуми пренеле дека тоа е уште еден доказ дека Кејт е бремена. Иако претходно редовно на слични настани пиела вино и шампањско, Кејт овој пат тие пијалоци учтиво ги одбивала. Тоа било доволно за таблоидите да објават дека кралскиот пар чека принова.