Кралското бебе, прво во овој век, освен вљубените родители го чека и целиот свет. Но со оглед на тоа дека само два проценти од бебињата се раѓаат на денот на терминот, исчекувањето би можело да потрае. Дали ќе биде момче или девојче, како ќе се вика, па дури и која боја ќе биде косата, сето ова е предмет на обложување. Освен обложувалниците, работа имаат и оние кои со месеци подготвувалее сувенири.


Дури и на моделот на количката која наводно ја избрала Кејт му пораснала продажбата. Од притисокот на јавноста и медиумите, Кејт и Вилијам планираат да побегнат. Кејт рекла дека по породувањето сака неколку седмици да биде со својата мајка. На тоа не би се одлучила без поддршката на Вилијам. Како и на сите новопечени родители, така и нив ќе им треба време да се прилагодат на новата улога на родители.