Невнимателната Кејт Мос го изгубила прстенот вреден 14 илјади фунти додека се забавувала на музичкиот фестивал Гластонбери изминатиот викенд. Откако сватила што се случило почнала да се чувствува многу лошо, а целото нејзино друштво кое било на концертот почнало да го пребарува калливиот терен околу бината во надеж дека можеби ќе успеат да го пронајдат прстенот.


Бидејќи не го пронашла ни по два часа претрага, манекенката целата во солзи тргнала до тоалетот и го пронашла прстенот на дното од торбата, заробен меѓу марамчињата по кои посегнала во тој момент. Иако веднаш почнала да се смее, на нејзиното друштво не им било до смеа, бидејќи повеќето добро се извалкале барајќи го нејзиниот прстен.