Манекенката Кејт Мос и британскиот пејач Џорџ Мајкл ја красат насловната страна на октомвриското издание на парискиот „Вог“. После појавувањето на еден од најбараните модели на денешницата во спотот на Мајкл за песната “White Light”, заедничката фотографија претставувала продолжение на нивната соработка. За разлика од Кејт која често се појавува на насловните страни на модните списанија, на Џорџ ова му било прво појавување во парискиот „Вог“.

Фотографиите ги направил познатиот фотограф Марио Тестино, а вработените во списанието се одлучиле токму за овој гламурозен пар бидејќи сакале повторно да го спојат најпознатото име во светот на модата со една од најголемите поп ѕвезди. Кејт и Мајкл биле многу блиски пријатели, а пејачот неодамна изјавил дека нив не ги поврзува славата и популарноста, туку многу подлабоки причини. Нивното пријателство било искрено и полно со љубов и приврзаност.