Британската принцеза Кејт Мидлтон изјавила дека не го знае полот на бебето кое го носи, но дека се надева дека станува збор за момче, додека нејзиниот сопруг Вилијам повеќе би сакал да биде девојче. Војвотката од Кембриџ, која е во петтиот месец од бременоста, наводно ова го изјавила на еден војник, на свеченоста по повод денот на Св. Патрик, која била одржана во чест на ирските гардисти во касарната во Олдершот, на југот од Англија.

Гардистот Ли Вилер изјавил дека Кејт му се доверила, велејќи дека сака да добие син, додека Вилијам би сакал девојче. Војвотката која на церемонијата се појавила во зелен капут-фустан, со брош во форма на детелина, им поделила на војниците букети од детелинки. За време на посетата на касарната, доживеала мала незгода кога штиклата и пропаднала во решетката од каналот.