Кејт Винслет и понатаму верува во идејата за посветување на партнерот во бракот, но исто така и била свесна дека соживотот со партнерот секогаш е предизвик. Оваа актерка која наполнила 36 години била во брак два пати. За Џим Триплтон била омажена од 1998 до 2001 година, а за режисерот Сем Мендез од 2003 до 2010 година. Признала дека обрската може да биде тешка, но и дека понатаму сонувала за тоа со некој да го мине остатокот од својот живот.

Кејт, која моментално се гледа со тајкунот Ричард Бренсон, неодамна изјавила дека сеуште верува во идејата на бракот и дека секогаш ќе се надева дека ќе пронајде некој со кој ќе го мине остатокот од својот живот. Таа имала близок одност со поранешниот сопруг Мендез поради децата. Од бракот со него го имала синот Џо, додека од првиот брак ќерката Миа. Таа во една прилика изјавила дека разделувањето било тешко, но сега сите биле среќни и вака било подобро.