Иако познатиот холивудски пар се развел минатата година, Кејти Холмс сепак не успевала да ја контролира љубомората па веста дека Том имал нова девојка потполно ја разбеснела. Актерката останала шокирана откако дознала дека нејзиниот поранешен сопруг излегол на состанок со згодната Синтија Јорге, што докажува дека Том одлучил да продолжи со животот по брачниот брдолом.
Извори блсики на Кејти тврдат дека актерката била прилично шокирана со фактот дека Том продолжил понатаму и дека бил спремен за нова врска по нивниот развод.