Откако ја раскинала петмесечната врска со рагбистот Дени Сипријани, британската актерка и манекенка, Кели Брук, се пофалила како конечно го пронашла мажот на своите соништа. Нејзино ново момче е поранешниот маринец Дејвид Мекинтош, кој е седум години помлад од неа, и кој на една забава и пришол и и рекол дека со години е вљубен во неа и дека би сакал да ја изведе на вечера.

Брук рекла дека мажите постојано и приоѓаат со понуди, но кај Дејвид почувствувала искреност, па се согласила на неговата понуда. Парот е во врска два месеци, а според зборовите на секси актерката, многу им е забавна. Таа рекла дека имаат сличен вкус и кога во прашање е алкохолот. Обајцата обожавале да пијат водка.