Лидерот на табелата во Бундес лигата, Баерн Минхен потешко од очекувањата со минимални 1-0 го совлада последнопласираниот Келн во 16-та рунда од германскиот шампионат.

Цел час гостите оддолевеа на нападите од домашниот состав кој упати дури 12 удари кон голот. Лекот за противничката одбрана го најде Роберт Левандовски кој го отвори резултатот.

Погодокот на полскиот репрезентативец се покажа победнички и Баерн Минхен стигна до титулата во есенската полусезона.

Резултати: Хофенхајм – Штутгарт 1-0, Баер Леверкузен – Вердер Бремен 1-0, Баерн Минхен – Келн 1-0, Херта – Хановер 3-1, Шалке – Аугзбург 3-2.

Табела: Баерн Минхен 38, Шалке 29, Лајпциг 28, Баер Леверкузен 27, Хофенхајм 26..

OhridNews