На локалните избори селкој глас е битен, особено во мултиетнилки средини, како македонските. Оттаму претствниците на политичките партии на помалите етнички заедници, беа особено внимателни во говорите на синоќешниот митинг на владејачката коалиција „За подобра Македонија“, што се одржа во Охрид.
Кенан Хасипи од Демократската партија на турците во Македонија изрази надеж дека турската заедница во Охрид, која е една од побројните, масовно ќе излезе на претстојните избори и ќе го даде својот глас за кандидатите на коалицијата „За подобра Македонија“.
Кенан Хасипи
Лидерот пак на Сојузот на ромите, Амбди Бајрам, упати повик, до како што ги нарече, браќата Египќани, да ја поддржат коалицијата „За подобра Македонија“.
-Во Охрид нема многу Роми, но има околу 2500 браќа Египќани кои ги повикувам да ја поддржат победничката коалиција, рече Бајрам.
Тој во говорот се осврна и на неговиот политички ривал Самка Ибраимоски од здружената опозиција нарекувајќи го „Самка сламка“.
– И него го излажаа, но ќе го вратиме Самка во нашата коалиција за да не пие од сламка, туку од чаша“-рече Бајрам.