Охрид – Беласица 3-0 (2-0)

Лесно според очекувањата охридски “сини“ се справија со некогашниот вицешампион во македонското првенство, струмичка Беласица. Добро поминаа струмичани во Охрид бидејки до колку беа поконцнетрирани напаѓачите на домаќинот  лесно можеше разликата да биде и поголема.

По воведното испитување на силите охриѓани дојдоа во водство по првата посериозна прилика. Степановски “протури“ една топка за офанзивниот Алиу кој со “надворешен“ го погоди небранетиот дел од голот на Пандев.“Сините“ не застанаа тука продолжја да се редат шансите пред голот на гостите но Шакири,Блажески и Степновски не ги имаа “подесено“ нишнанските справи за да ја погодат целта по втор пат. Гостите кои пак беа позицинирани пред својот 16 –ик ,правта и едниствна прилка ја имаа во 40 мин преку Начевски кој избегна една офсајд замка но биеше над голот.

На истекот на првите 45 мин охригини стигнаа до 2-0 предност. Новото засилување Шакири во соло продор се ослободи од својот чувар и биеше во долниот десен агол за нова радост. Во исто темпо продолжија охриѓани да напаѓаат,Блажевски со глава,Степановски покрај голот Димоски во рацете на Пандев беа само дел од приликите кои не ги искоритја домашните.Крај на сите промашувањата стави Блажевски неколку минути пред крајот крунисувајки ја со погодок одличната акција на Алиу.

Неспортски потет на Пандев
     
Овај мирен натпревар лесно можеше да го расипе голманот на гостите Пандев. Имено, при едно враќање на топката во игра од страна на децата задолжени за тоа, во “брзање“ Пандев со волеј директно го погоди детото во главта,при што мораше да интервенира домашниот доктор. За ваквиот испад сепак голманот на гостите помина неказнет .

 Од записникот :
 
Стадион Билјанини Извори.Гледачи 300.Судија Блажески Тоде .Помошници Атанасов Панде,   Стојаноски Злате сите од Битола.Делегат Гулески Марјан од Прилеп
 
Стрелци : Алиу 15` ,Шакири 44` , Блажевски 88`

Жолти картони : Блазжески ,Алиу (О) ,Андреев,Ристовски (Б)

Охрид: Карамачоски ,Зулбеари, Лолески (45 Бимбилоски), Војдиновски, Степаноски , Лошкоски , Ѓорѓиески (20` Блажески),Попчаноски , Алиу ,Димоски (77` Маркоски )

Беласица : Пандев,АНдреев,( 79` Пасков) Гидалов (40` Ристов) ,Митев, Гуцев, Крстев, Станковски, Стојков, Начевски, Ристовски ,Јурчевски ( 50` Атансов)

На останатите натпревари

Дрита              Илинден           2-1
Караорман      Слога Ј             1-2
Вардар Д         Металург         1-1
Турново           Алумина           2-1
Скопје             Маџари С         1-0
Н. Милениум    Брегалница     3-0
Локомотива     Миравци          1-2

Натпреварот помеѓу екипите на Влазрими и Тетекс е прекинат во паузата помеѓу двата дела поради физички напад врз судиската тројка од страна на домашни навивачи. Резултатот по првиот дел гласеше 1-2 за Тетекс.

ТАБЕЛА

1 Металург 6 14
2 Турново 6 13
3 Слога Ј. 6 12
4 Нов Милениум 6 11
5 Скопје 6 11
6 Тетекс 5 11
7 Миравци 6 10
8 Охрид 6 9
9 Алумина 6 8
10 Дрита 6 8
11 Маџари 6 7
12 Илинден 6 7
13 Вардар Д. 6 6
14 Брегалница 6 5
15 Беласица 6 5
16 Локомотива 6 3
17 Караорман 6 3
18 Влазрими 5 3

Мирко Постоловски