Фудбалската репрезентација на Австралија го освои Купот на Азија, откако во финалето по продолженијата славеше над Јужна Кореа со 2:1. Решавачкиот гол на мечот го постигна Џејмс Троиси во 105.минута од натпреварот.
Инаку и првите два гола беа постигнати во завршницата на првото односно второто полувреме.
Австралија до предност дојде во 45.минута со прекрасниот гол на Масимо Луонго, кој фати волеј од 20-тина метри и го совлада јужнокорејскиот голман.
Кореа израмни во 91.минута кога фудбалерот на Баер Леверкузен, Хеунг-Мин Сон ја искористи конфузијата во австралиската одбрана и рутински го совлада голманот Рајан.
„Макфакс“