“Кенгурите” го продолжија победничкиот чекор откако со 3-2 го совладаа Охрид Лоте на СРЦ “Атина Бојаџи“. Охриѓани на два пати имаа предност, имаа играч повеќе но на крајот мораа теренот да го напуштат со наведнати глави, сериозно разнишувајќи ја позицијата во борбата за опстанок.


По воводените испитувања на силите на средината на теренот, прва се затресе мрежата на Захов. По играта со рака на Гуцев, од работ на казнетиот простор еврогол постигна Толески.


Голот им даде крила на охриѓани кои се залетаа и такавата игра остави простор за контранападите. Еден таков искористи Марков кој во финиШот на првиот дел изедначи на 1-1.


Одлучувачкиот момент во мечот се случи во 52 минута кога по играта со рака на гол линија Василев беше исклчуен , а Исаку беше прециезен од белата точка.

 

Но наместо домашните се разиграа гостите, Христовски ја искорисити мешаницата во казнетиот простор и по втор пат во мечот резултатот беШе изедначен.  Уште еден контранапад за “кенгурите” кој со погодок го круниса Марков кој со вториот погодок ги постави конечните 3-2.


Натпреварот во Охрид по добро нема да го памети бочниот дефанзивец Стојанов кој во 52 минута колабираше на теренот. Благодарение  на присебната реакција на охридскиот доктор Велјаноски Ранко, тој беше набрзина освестен и веднаш пренесен во охридската болница.

М.П.