Кениецот Хенрѕ Сугут триумфираше на 30-то јубилејно издание на маратонот во Виена. До третата победа втора во низа во Австриската престолнина тој стигна со време 2.08.19. Втор на целта пристигна  неговиот сонародник Саломон Кипто, додека доминацијата на кенијците ја комплетираше Георги Ндунги, кој го освои бронзениот медал.


– Задоволен сум од својот настап и сакам да и заблагодарам на публиката која ме бодреше во текот на целата трка. Временските услови не беа баш наклонети и беа полоши во однос на ланскиот маратон, но затоа пак конкуренцијата беше посилна. Морав да потрошам екстра енергија за да се оддалечам. Мојот брат ја предвиде победата овде и ме убеди дека можам да го направам тоа – рече 27 годишниот Сугут.


Во женска конкуренција триумфираше Фломена Чејеч од Кенија додека второ и трето пласирани завршија етиопјанките Мескерем Асефа и Ејерусалем Кума.

– Не очекував вака брза трка, дојдов доста подготвена и благодарение на одличната работа со мојот тренер стигнав до овој триумф. Виена е прекрасна, публиката беше одлична и се надевам дека и наредната година ке дојдам овде да ја одбранам круна –
рече најбрзата кај дамите.

На полумаратонот трет пат во низа победи двократниот олимписки шампион на 10 илјади метри Хајле Гебресиласие. Тој делницата од 20 километри ја мина за 1.01,14.



– Трката во Виена е нешто навистина посебно. Атмосферата, натпреварувачите, публиката сето ова е една голема забава. Сакав да го срушам рекордот, но не успеав но секако не жалам за тоа. Сакам да им порачам на сите овде и во светот да продолжат да трчаат бидејќи трчањето ве прави не само здрави туку и ментално способни –
порача Гебресиласие.

Над 40 илјади маратонци од 118 земји трчаа на јубилејниот 30 маратон што преставува рекорден број во историјата на овој маратон.

М.П.