Поранешниот дефанзивец на Чикаго булс, а сега главен тренер на Голден Стејт, Стив Кер, објасни зошто легендарната династија Булс заврши по сезоната 97/98.
Знаевме дека готово е. Доживеавме толку силен емоционален стрес што луѓето не го разбираат. Кога еден тим ќе изгуби залет, енергија и мотивација, тоа е готово. Многу луѓе прашуваат што ќе се случеше ако се вративме, дали ќе освоевме осум титули по ред ако Мајкл Џордан не одеше во бејзбол. Беше невозможно. Сè заврши не без причина, се собра многу замор. Мораше да заврши, изјави Кер за „Essential Sports“.

OhridNews










