Германката Анџелик Кербер и американската тенисерка Серена Вилијамс ќе ги одмерат силите во финалето на најпрестижниот и најстариот гренд слем турнир во светот, Вимболдон.


Кербер им ги помеша плановите на сестрите Вилијамс откако во полуфиналето ја совлада постарата Венус во два сетови (6-4, 6-4).


Претходно, помладата Серена за неполн час ја реши руската тенисерка Елена Веснина победувајќи ја во два сетови со убедливи (6-2, 6-0).


Германската тенисерка Кербер еднаш ја совлада Серена Вилијамс во финалето и тоа на Австралија Опен победувајќи ја со 2-1 во сетови.

OhridNews