И името на Анџелика Кербер ќе стои во освојувачките на титулата на Австралија Опен. Таа во финалето ја совлада Серена Вилијамс со 2-1 во сетови за која подоцна изјави дека е нејзиниот идол во тенисот.
– Мојот успех, титулата и се останато во тенисот се должи на Серена Вилијамс. Таа е мојата инспирација и ми беше многу мило што можев да одиграм меч во финалето против неа. Се уште не сум свесна што имам направено, но како што одминуваат деновите сево ова ќе знам дека е реална бајка. – рече Германката.
Таа со пад на земја и силен врисок го прослави освојувањето на првата гренд слем титулата во кариерата. – Во првото коло бев на работ од елиминација. Успеав да спасам меч топка и да го свртам натпреварот во моја полза. Овие две недели беа најубави во мојот живот и ќе останат во добро сеќавање. – додаде новата шампионка.
Американската тенисерка пак го претрпе првиот пораз во седмото финале на Австралија Опен и остана на шест титули од гренд слемот кој ја најавува новата сезона во тенисот.
Сензационална победа на Анџелик Кербер на Австралија Опен
OhridNews












