Германската тенисерка, Анџелик Кербер триумфираше на америчкиот гренд слем турнир УС Опен совладувајќи ја Каролина Плишкова 2-1 во сетови (6-3, 4-6, 6-4).


Со триумфот во Америка, Кербер се искачи на првата позиција на ВТА листата симнувајќи ја Серена Вилијамс од врвот.

Целата драма во финалето во женска конкуренција кулминираше во десеттиот гем од третиот сет при резултат 5-4 за Германката.


Чехињата, Плишкова сервираше за останување во игра, но потпадна пред притисокот и Кербер со искусна игра го освои гемот воедно и титулата на УС Опен.


Кербер е првата тенисерка од Германија по пауза од 20 години која победува на УС Опен. Последна шампионка во Америка од Германија е популарната Штефи Граф.

OhridNews