Американскиот тенисер Сем Кереј и Шпанецот Рафаел Надал ќе ги одмерат силите во финалето на турнирот од серијата 500 во Акапулко, Мексико.


40-от носител на АТП листата, Кереј во полуфиналната пресметка го совлада Ник Киргијос во три сетови (3-6, 6-1, 7-5) за час и половина. Австралиецот во полуфиналето потфрли, односно не ја повтори играта со која го елиминираше Новак Ѓоковиќ во четвртфиналето.

Надал  убедливо во два сетови (6-1, 6-2) го преслуша третиот носител на турнирот во Мексико, Марин Чилиќ за пласман во финалето. Шпанецот на стартот од првиот и вториот сет направи брејкови кои ги искористи за лесна победа.

Финалниот натпревар на турнирот Акапулко се игра недела сабајле со почеток во 4 часот.

OhridNews