Пејачката Мараја Кери и нејзиниот сопруг Ник конечно ја разрешиле мистеријата и на своите близнаци им дале имиња кои почнуваат на буквата М. Нивниот син добил име Марокен Скот Кенон, додека за ќерката го одбрале името Монро Кенон. Синот има средно име бидејќи и неговиот татко го задржал од својата мајка, а ќерката нема, бидејќи нема ни нејзината мајка.


Изгледа дека пејачка инспирација за името на својата ќерка пронашла во легендарната актерка Мерлин Монро, додека за Марокен, верувале или не, се одлучила поради тоа што апартманот во Њујорк и е уреден во марокански стил.