Младата Каја Гербер, десетгодишната ќерка на некогаш многу успешната манекенка Синди Крафорд, е заштитно лице на линијата за млади од 0 до 12 години на Версаче. Со својот изглед и став ја одушевила Донатела Версаче, која вели дека камерата навистина ја сака Каја, и дека има посебен дар како нејзината мајка.
Супермоделот Синди Крафорд е повеќе од горда на првиот ангажман на својата ќерка. “Одушевена сум што е Каја избрана за првата кампања Young Versace“, открива Синди. “ За Џани и Донатела ме врзуваат само убави нешта. Има нешто посебно во модната куќа Версаче, а да се биде на снимање со ќерката и да се гледа како позира е неверојатно искуство. Многу сум горда на неа“, додава Синди.